Во јануари превезени 68.877 патници

Bez autora
Feb 21 2012

На двата македонски аеродроми во јануари годинава се превезени 68.877 патници, што е за 23,5% повеќе од истиот месец лани, кога биле превезени 51.710 патници. Порастот, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се должи на зголемениот број патници на аеродромот Александар Великии во Скопје, каде што во јануари годинава се регистрирани 60.911 патници, што во однос на првиот месец минатата година, кога биле регистрирани 44.875 патници, претставува зголемување од 35,7%. Во овој период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 36,6%, односно 717 редовни линии во јануари 2012 во однос на 525 кои биле реализирани во јануари, лани. Исто така, забележан е вкупен пораст на бројот на операции на воздухоплови на двата аеродрома во јануари 2012 и изнесува 923, што е за 17,1% повеќе од 788-те изведени во јануари 2011 година.

Во јануари превезени 68.877 патнициНа двата македонски аеродроми во јануари годинава се превезени 68.877 патници, што е за 23,5% повеќе од истиот месец лани, кога биле превезени 51.710 патници.

Порастот, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се должи на зголемениот број патници на аеродромот Александар Великии во Скопје, каде што во јануари годинава се регистрирани 60.911 патници, што во однос на првиот месец минатата година, кога биле регистрирани 44.875 патници, претставува зголемување од 35,7%.

Во овој период е забележано и зголемување на бројот на редовни линии за 36,6%, односно 717 редовни линии во јануари 2012 во однос на 525 кои биле реализирани во јануари, лани. Исто така, забележан е вкупен пораст на бројот на операции на воздухоплови на двата аеродрома во јануари 2012 и изнесува 923, што е за 17,1% повеќе од 788-те изведени во јануари 2011 година.

Во текот на 2011 година на двата домашни аеродроми биле превезени вкупно 834.273 патници што претставува пораст од 15% во однос на 725.472 во 2010. Освен во превозот на патници, забележан е пораст и во карго-превозот од 9,8%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik